Хибридниот режим во паѓање преку заробеното судство се обидува да се спаси од криминалите и да го ублажи големиот пораз кој им следи на изборите, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Уставот и законите за оваа власт никогаш не важеле, а уште еднаш се потврди дека не важат ниту за судиите кои под притисок на власта мора да судат спротивно на Устав и демократски принципи. За прв пат во историјата на политичкиот плурализам, спротивно на Уставот и законите пратеник на опозиција е осуден за искажан став од собраниска говорница. Како и Уставот така и Законот за граѓанска одговорност и клевета, член 7 е јасно дека нема одговорност ако изјавата е дадена во работата на Собранието. Просто е неверојатно судија наместо да суди според законот, суди по партиска наредба, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека скандалозно е судија да од против судските и законските прописи само за да му удоволи пресуда на пратеник од власта.

-Да биде потрагично, пресудата за пратеникот Бране Петрушевски доаѓа во време кога Македонија го доби најлошиот извештај од Европската комисија, извештај во кој судството практично е оценето со единица без напредок и без имплементација дури на минатите препораки. Како им се ближи крајот, така им расте нервозата и стравот од одговорност, а пресудата која спротивна на демократските и уставни норми е само уште еден доказ во низата. Добрата вест е што изборите не се далеку, а оваа криминална каста која сега ја узурпира власта и го зароби правосудството не само што ќе доживее голем пораз, туку ќе се соочи со законите и ќе одговараат за сите криминали, а ќе има одговорност и за сите кои ги кршат законите, порачуваат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.