Собранискиот спикер Талат Џафери  пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го пречекаа со транспаренти на кои беа напишани зборовите кои ги изговара Талат Џафери на видео снимката која до овој момент тој не ја коментираше.

На останатите транспаренти пишуваше и: „Сите што позади седат, ех маму ви е**м“, „Сите од службата, конкретно седници, одма кај мене“.

 

Од опозицијата бараат извинување и оставка од Талат Џафери.

Поминаа повеќе од десет дена, а претседателот на Собранието не само што не се извини за неговото безобразно однесување кон вработените во собраниската служба туку се однесува како ништо да не се случило. Крјано недозволиво е од човекот кој прв го потпишал Етичкиот кодекс за однесување во Собранието, најгрубо да го крши и да бега од одговорност, а со пратениците од власта да се обидуваат да го сокријат под тепих овој скандал“, порача пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.