Најостро го осудуваме мизерниот и навредлив говор кој Талат Џафери го упати кон пратеникот Игор Јанушев и бараме итна реакција од сите надлежни институции за упатената закана.
Џафери треба да сфати дека не во шума или на ливада со стадо, од каде очигледно го влече примитивниот однос, туку заради сила на околности, и тој е дел од законодавниот дом, каде треба да поаѓа од демократски принципи на меѓусебно почитување, велат од ВМРО-ДПМНЕ Џафери треба да е свесен дека нема да се толерира напад врз малолетни деца, иако неговата цел е подгревање на инциденти и ширење на тензии, со цел де фокус од фактот дека неговиот син положил правосуден испит без завршен факултет. Македонија е демократска држава и сите треба да бидат еднакви, а не привилегирани како синот на Џафери. Џафери да не игра на картата на ниски страсти и да се брани дека некој наводно го нападнал или навредил неговиот син, тоа не е одлика на ВМРО-ДПМНЕ, напротив, наша одлика е законите да важат подеднакво за сите. Во насока на создавање на здраво општество бараме Џафери јавно да се извини за кажаните закани и навреди кон пратеникот Игор Јанушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.