Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, упатува јавна покана и ги повикува на отворени и директни консултации сите заинтересирани синдикати, денес во 10:00 часот, во Собранието на Република Македонија.

Темата на оваа денешна работна средба и консултации, на која што ќе присуствува и дополнителниот заменик министер, Стефан Андоновски е поврзана со законите кои се на дневен ред на Комисијата за европски прашања.

Како најголема, најбројна и најодговорна пратеничка група во Собранието покажуваме одговорност и решителност, се со цел да помогнеме на синдикатите да се слушне нивниот глас и нивните барања. Ова е единствениот начин синдикатите да го искажат своето мислење и барања бидејќи мнозинството упорно одбива јавна расправа и дебата по законите и сака да ги протне набрзина. Токму затоа, нашата цел како пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата е да ги преточиме барањата и забелешките на синдикатите во амандмани и официјални барања. Гласот и барањата на работниците мора да се слушне и не смее да биде заборавен, велат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.