Додека власта тврди дека преговорите со Европската унија се започнати, довербата опаѓа, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека знкетата на Евротинк потврди – За една година имаме пад од 20% на довербата на граѓаните за евроинтеграцискиот пат на Македонија.
СДС и ДУИ ветува европеизација, а добивме блокади. На прашањето дали членството на Македонија во Европската Унија е добра работа само 49% од граѓаните одговориле позитивно. За голем дел од граѓаните ова станува далечна желба. А, за жал ентузијазмот во однос на проширувањето на Европската Унија се повеќе и повеќе опаѓа. Се тоа е резултат на криминалот, корупцијата и економскиот колапс кои и се случува на Македонија со СДС и ДУИ на власт. Младите си заминуваат, здравството пропаѓа, образованието руши негативни рекорди, но царува непотизмот, клиентелизмот и автократијата. Лицемерието на владата се гледа и во издавањето на македонски државјанства на руски олигарси. Додека се претставуваат како проевропски во исто време прват провизии и профити со фирми на руски олигарси. СДС и ДУИ се причина за сите порази кои ги ниже Македонија. Колку подолго се тие на власт, толку повеќе Македонија губи. Време е за нови избори и нова влада избрана од народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.