Државата е во хаос, Македонија ги живее своите најтешки денови под власт на ДУИ и нивниот измеќар СДС. 7 години институциите се парализирани, апатија и разочараност се чувствува насекаде. Народот ја изгубил довербата во политичарите, бидејќи народната волја е многупати изигрувана- стои во пораката од видео спотот на ВМРО-ДПМНЕ во предизборната кампања..

На овој трет ден од почетокот на кампањата за претстојните парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ влат Македонија е одземена од рацете на граѓаните. Државата е киднапирана од 100-тина функционери на ДУИ и нивните измеќари од СДС. Додека тие се граѓани од прв ред, сите други се граѓани од втор ред.

Додека зборуваат за Европа, тие крадат. Додека зборуваат за подобра иднина, тие купуваат некоја нова Соравија. Со ДУИ и СДС Македонија е подалеку од ЕУ од било кога порано.

На безнадежноста и апатијата мора да им се стави крај. ВМРО-ДПМНЕ преку Платформа 1198 има јасна визија и план како да ја придвижи Македонија напред, да станеме достојно место за живеење и младите тука да гледаат иднина.

Време е народот да си ја врати државата во свои раце. Македонија повторно твоја!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.