Во период кога власта се помалку се грижи за македонската историја, ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни чекори. Како што лидерот Мицкоски вчера најави, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска по повод 150 години од раѓањето на макеедонскиот револуционер Гоце Делчев во македонското собрание ќе поднесе Декларација која што ќе ги исцрта позициите по прашањето за Гоце Делчев.
На прашањето доколку би бил премиер дали заедно со Кирил Петков би положил цвеќе на споменикот на Гоце Делчев, Мицкоски рече да само доколку бугарскиот премиер Петков се сложи дека Гоце Делчев се борел за своја македонска независна држава.
Ако Петков се сложи дека Гоце Делчев е Македонец и се борел за своја македонска независна држава, тогаш немам никаков проблем, дециден е Мицкоски.
Откако оваа Декларација ќе биде ставена на дневен ред власта ќе нема изговор да не ја поддржи бидејќи јасно ќе биде заштитен ликот и делото на македонскиот револуционер и оти по ова прашање нема отстапки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.