Оливер Спасовски треба да си поднесе оставка, затоа што криминалот владее со државата. Затоа што тој како министер 8 години дозволи башибозлук во Македонија. Затоа што убијци слободно се шетаат. Затоа што командирите и началниците кои тој ги поставува наместо да го гонат криминалот ги кршат законите, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Впрочем последен таков случај беше во Ропотово каде што среде веселба, среде толпа, командир на полициска станица пукал од автоматско оружје и со тоа ги довел во прашање животите на присутните. Да биде уште пострашно на лиуце место биле присутни високи полициски службеници и никој не реагирал. Дури и автоматската пушка од која било пукано не е пронајдена, што значи дека се работи за нелегално оружје. Ова ли се европските стандарди? Ова ли е безбедност на една НАТО земја? Како може нелегално, автоматско оружје да поседува и користи еден полициски службеник, кој треба да го спроведува законот? Ова е одговорност на Спасовски кој 8 години замајува со некаков ветинг, а всушност дозволи целосен башибозлук во министерството за внатрешни работи. Оставката на Спасовски е првиот чекор кон унапредување на безбедноста и мирот на граѓаните, велат од партијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.