Непочитувањето кое СДС и ДУИ го прават кон Македонија стана пракса за која никој од нив не понесува одговорност. Затоа бараме кривична одговорност за Османи, надлежните органи веднаш да поведат постапка и конечно во Македонија да се поведе соодветна постапка за дела против нарушување на угледот на државата како што е овој случај рече на прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

Османи веднаш да поднесе оставка од позицијата министер за надворешни работи, тоа е најмалку што може да го направи по ваквиот недржавнички потег кој е понижувачки кон сите граѓани на Македонија. Срамен, недржавнички и понижувачки е односнот на Бујар Османи кој во својство на министер за надворешни работи на меѓудржавна средба не го користи македонскиот јазик како официјален јазик на Република Македонија.Од официјалната средба на Османи со министерот за надворешни работи на Шпанија преку прес конференцијата јасно се гледа дека Османи единствено го употребува албанскиот јазик, иако е јасно кој е службен јазик на Македонија за меѓународна употреба утврден со Уставот. Ова однесување е кршење на Уставот на државата, но и на самиот Рамковен договор. Османи да престане да биде лицемерен државник кој не пропушта прилика да нагласи како Македонија е почитувана земја од другите држави и конечно да почне тој самиот да ја почитува државата чиј државјанин е, а воедно и официјално именувано лице платено од парите на граѓаните рече Митева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.