Денес е голем ден за сите Албанци, и во земјата и надвор од неа! За првпат, овој свет ден официјално се одбележува и на седница на Владата, благодарение на посветеноста на ВЛЕН и блиската врска со граѓаните. Денес го одбележуваме 116-от јубилеј од унифицирањето на Албанската азбука. Овој датум има посебно значење, бидејќи симболизира важен момент
кој ја нагласува важноста на обединувањето на Албанците околу еден идеал, порачуваат од ВЛЕН.

-Јазикот е елемент на идентитетот на еден народ, основа врз која се гради идентитетот и сите други елементи на една заедница. Одлуките на Конгресот во Битола покажуваат и денес дека Албанците се ориентирани кон западните и европските вредности. Претставниците на ВЛЕН во Владата го одбележуваат овој значаен ден со гордост, упатувајќи честитки до Албанците секаде. Активностите ќе продолжат со посета на Музејот на азбуката во Битола – местото каде што нашата историја е напишана со посветеност и љубов кон нашиот прекрасен јазик. Потоа ќе учествуваме на научна конференција за да рефлектираме за вредностите и значењето на овој ден, а на крај, овој голем ден ќе заврши со свечена церемонија во Домот на културата во Битола, посочуваат од ВЛЕН.

ВЛЕН е посветен на тоа албанскиот јазик да биде таму каде што му припаѓа – не процентуално, туку достоинствено!

-Ние сме посветени на целосна официјализација на албанскиот јазик во Македонија и гарантираме дека навредливиот термин „20 проценти“ ќе биде отстранет. Честит нека биде овој ден на секој Албанец и секоја Албанка, каде и да се наоѓаат. Во вакви денови секогаш да бидеме обединети, се наведува во нивното соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.