Уште една потврда дека коцкарските бизниси имаат сериозно влијание врз политиките на ДУИ. Затоа, покерските блефови на нивниот лидер Али Ахмети не треба да се сфаќаат сериозно, велат од коалицијата ВЛЕН.
Коалицијата, исто така, му порачува на Ахмети, „наместо да ги храбри уплашените поранешни функционери со лажни барања за предвремени парламентарни избори заедно со локалните, да се посвети на внатрешни кадровски и програмски реформи“.
Сепак, како што велат од ВЛЕН, додколку Ахмети и ДУИ навистина сакаат предвремени парламентарни избори, „прво тој треба да депонира писмена гаранција дека кога ќе загуби ќе си замине од политиката, за да не трошиме народни пари за проблемите на Ахмети и Села да спречат распаѓање на нивниот таканаречен (европски)фронт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.