Членот на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев учествуваше на Конкордија самитот во Њујорк, информираат од партијата.
Во рамките на самитот Ѓорчев во Њујорк оствари повеќе билатерални средби, како со Жозе Мануел Баросо, поранешен премиер на Португалија и претседател на Европската комисија во два мандати (2004 – 2014).
На средбата со поранешниот премиер на Шпанија Хосе Марија Азнар стана збор за соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Партидо популар. Азнар како премиер на Шпанија од 1996 до 2004 година беше голем пријател на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ.
Ѓорчев се сретна со Хеле Торнинг – Шмит, поранешна премиерка на Данска.
Таа сега е копретседател на надзорниот одбор на Фејсбук, како и член на бордот на Атлантскиот совет од Вашингтон и Советот за надворешни работи од Њујорк, а активно работи со Обединетите нации (ОН).
Но Самитот Ѓорчев имаше одличен разговор со Колинда Грабар Китаровиќ, екс претседателката на Хрватска. Ѓорчев ја информираше за состојбите во Македонија и се заблагодари на нејзиното пријателство кон Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.