„Да потсетам дека изборно ветување беше една изборна единица од Зоран Заев во 2020-та година. И во 2021 година, Панчо Минов како претставник на помалите политички партии и коалиционен партнер на власта поднесоа таков предлог закон. Меѓутоа тоа остана во лавиринти“, истакна Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија.

„Гледајќи го тоа, како најголема опозициска партија потегнавме иницијатива и остваривме средби во Собрание со сите освен со ДУИ и СДСМ, за да видиме дали има проблем во коалиционите партнери на владејачкото мнозинство или да се дознае каде е проблемот. Македонските партии сите беа за една изборна единица“, рече таа.

Стојаноска додаде дека поминати се години од ветувањето на Заев, но власта не го исполни тоа што го ветуваше.

„И сега ако одиме на тоа дека ќе има промена на Изборниот законик само заради препораките на ОБСЕ/ОДИХР, па нивните препораки се овој закон шест месеци пред избори да не се менува. Значи и тоа се крши“, потенцираше Стојаноска.

Таа потсети и дека ДИК остана без член. Бидејќи законски рок беше триесет дена по испразнување на местото на еден член од ДИК да се потполни. Но, десет месеци поминаа, а тоа место во ДИК се уште не е потполнето.

„И поради сето ова што се случува не може, а да не се впери прстот во власта. Токму власта ја искомплицира работата со нешто што секогаш одело без никаков проблем“, појасни таа.

Стојаноска укажа дека власта толку ја искомплицира работата со избор на член во ДИК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.