Владата и Собранието во забрзана процедура ќе го прифатат т.н. француски предлог, со кој се формулира преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија (ЕУ), а во наредните денови ќе се потпише и протоколот со Бугарија, за целата работа да се заврши најдоцна до 20 јули, бидејќи потоа започнуваат летните одмори во Европската комисија (ЕК), па нема да може да се одржи меѓувладина седница, на која е замислено земјава да добие датум за почнување на преговорите со Унијата.
Ова за Плусинфо го тврдат извори од опозицијата, кои претпоставуваат дека за прифаќањето на францускиот предлог, во Собранието на Република Македонија ќе гласаат околу 70 пратеници. Тука се мисли на гласовите на СДСМ, ДУИ, Алтернатива, БЕСА и на Алијанса на Албанците.
Според нашите извори, седницата во Собранието ќе биде закажана во наредните денови, а расправата ќе трае најмногу три дена. Теоретски би можело сè да биде завршено до сабота, иако во исто време во заканодованиот дом трае расправата за Буџетот. Сепак, нашите извори тврдат дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, може да пронајде начин и да направи простор пленарната седница за францускиот предлог да се одржи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.