Министерството за образование и наука наместо Концепција создава хаос. Концепција подразбира план и стратегија, а во случајов гледаме неспособност и неодговорност, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Се е сведено на импровизации кои скапо се плаќаат. Наставниците и образовниот кадар се соочуваат со тотален колапс на системот, а на помалку од половина месец до почеток на учебната година нема учебници. Наместо учебниците се нудат материјали за учење, прирачници, упатства и слични експерименти кои не може да бидат целосна алтернатива на учебникот. Печатењето на учебници доцни и голема е веројатноста дека до октомври, па и декември учениците нема да имаат книги. Дополнително веќе два месеци доцни и доделувањето на сведителствата бидејќи не биле набавени доволно сведителства за учениците. Ова покажува целосна неспособност и неодговорност на властите. Тие очигледно се изненадени со почетокот но и крајот на учебната година исто како што би било изненадување снег во зимските месеци, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поради оваа власт на СДСМ и ДУИ се случува тотален распад на системот и на институциите. Образованието тоне исто како што тонат сите области во Македонија. Криминалната власт ја уништува државата. Ова мора да престане. Најдобар начин за справување со оваа штетна власт на Ковачевски се предвремени парламентарни избори, додаваат од таму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.