Денеска е голем ден за Свети Николе, денеска е Свети Теодор Тирон, денеска е Тодорица, традиционален ден, традиционален празник кој што светиниколчани го празнуваат овој голем ден со децении, со години и имаме доста луѓе, доста гости, истакна денеска, Дејан Владев, градоначалник на општина Свети Николе, за време на посетата на овој град на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ја збогативме оваа година со културно уметнички друштва, имаме околу 300 играорци од 12 културно уметнички друштва од Република Македонија и од соседна Србија. Веднаш потоа, од 14 часот ќе има концерт на рок групата Текст Тајм, за да на крај го завршиме културно уметничкиот дел со нашиот диџеј Оги, кој што ќе настапува последен. Нормално, традиционално се тука и тезгите и како што гледате има луѓе не само од Свети Николе, туку и од соседните општини. А, што е добро и добар дел од нашите иселеници кои што живеат во соседните градови во Македонија, па дури и во странство се денеска традиционално присутни на овој ден – рече Владев.

Се надевам дека ќе им биде доста пријатно на овој и утрешниот ден и ветувам дека во наредната годи ќе имаме многу побогата и подобра програма.

Сепак, денес имавме и дожд, што е добар знак, што е бериќет и за светиниколчани и за нашите земјоделци.

И сакам на крајот на сите светиниколчани да им го честитам овој голем празник, а на оние кои што ја слават славата Тодорица и кој што го носат името на светецот, да им пожелам среќа, здравје, бериќет и успех во оваа година – порача Владев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.