Само што го именуваше Илир Мехмети од Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба за директор на М-НАВ, Владата на истата седница денеска ја смени одлуката под притисок на Синдикатот на контролорите на летање. На местото на Мехмети, за директор на М-НАВ е именуван Хекуран Асани, кој таму работи како контролор на летање 20 години.

Асани ќе биде и Претседател на Управниот одбор на М-НАВ, тој ги исполнува условите за директор на Македонска навигација, како што е наведено во член 14 во Статутот на ова Акционерското друштво во државна сопственост.

Финансисската полиција денеска влезе во М-НАВ проверуваше какви биле документите на јавни набавки и дали има некакво кривично дело.

Синдикатот, којшто најави дека ќе влезе во штрајк, по ваквите владини одлуки, коишто се во завршна фаза на поставување нов директор, најави дека го става најавениот штрајк во мирување.

Мехмеди, пак не ги исполнувал условите за функцијата за која го предлага Владата затоа што немал валидна дозвола за надзорен контролор за летање ниту, пак, има најмалку шестгодишно работно искуство како контролор.

Смена има и кај вториот директор на М-НАВ.

На местото на Љубе Стаменковски доаѓа Милан Кораќ, кој е оперативен инженер техничар во М- НАВ.

Третиот директор според информациите не се менува. На таа позиција останува Хасим Деари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.