Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со научни институции се задолжуваат во рок од три месеци да достават можни локации каде би можеле да се дислоцираат/префрлат кафеавите мечки. Со денешната владина одлука Министерството за животна средина и просторно планирање е задолжено во рок од три месеци да направи анализа од регионот за формирање интервентен тим за крупни ѕверови и да ја информира Владата.

Владата на денешната 193-та седница ја разгледа и усвои Информацијата по однос на состојбата на кафеава мечка (Ursus arctos L.), дивеч под заштита кој е трајно забранет за лов и зголемениот обем на штета која овој дивеч ја причинува врз имотот и добрата на граѓаните на државава. Владата ги задолжи надлежните институции да се преземат конкретни мерки во однос на усвоената Информација. Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 12 месеци треба да изработи акциски план за управување со кафеава мечка (Ursus arctos L.) за територијата на Република Македонија – велат од Владата.

Последниот месец жителите во западна Македонија се соочуваат со мечки кои се симнуваат во населените места барајќи храна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.