Европските држави веќе објавуваат дали и колку бегалци би можеле да прифатат од Украина, па на денешната прес-конференција владините портпароли беа прашани дали ако дојде до мигрантски бран Македонија размислува да прифати бегалци од оваа држава, колку би можеле да згрижиме и каде би биле сместени.

Македонија во повеќе наврати покажа отворено срце и помагаше во вакви и слични ситуации. Оттаму, Владата ќе понуди помош во случај и на ескалација на ситуацијата во Украина. Сите насоки се кон тоа, тоа да не се случи. Денеска премиерот Димитар Ковачевски ќе има телефонски разговор со украинскиот премиер Денис Шмигаљ. Меѓу другото, и ова ќе биде една од темите. По овој контакт Владата ќе направи проценка и ќе имаме повеќе информации со видот на помошта што би ја понудила државата“, кажа портпаролот Душко Арсовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.