На денешната владина прес – конференција беа изнесени информации за Оперативниот план за вработување со кој е предвидено да бидат опфати 14.685 лица, а за програмите, мерките и услугите за вработување се предвидени повеќе од 1,8 милијарди денари. Додека пак Мартовските пензии со дополнителните 1000 денари ќе почнат да се исплаќаат од 29 март. Владата ја разгледа и усвои информацијата за потпишување на Меморандум за разбирање меѓу Агенцијата за млади и спорт и Министерство за млади и спорт на Република Бугарија за соработка од областа на младите и спортот.

Во однос дали има назначени амбасадори кои ќе не претставуваат во други држави или предлози за Андреј Жерновски и Реџеп Демири од Владата потенцираа дека немаат информации за ова.

Немаме информации за ова, а за пополнување на останати амбасадорски места постои процедура, кога ќе се добие агреман за одредено место во дипломатски претставништа јавноста ќе биде информира – изјави портпаролот на Владата, Душко Арсовски.

Инаку денеска во медиумите се појавија информации дека Министерството за надворешни работи на Македонија за нов македонски амбасадор во Швајцарија, Берн, го предлага Реџеп Демири, актуелен генерален конзул во Минхен, наводно по предлог на ДУИ. Додека дека СДСМ, го предложил Андреј Жерновски за нов македонски амбасадор во Белград

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.