Владата ниту е судија ниту обвинител и не може да постапи како суд, одговори техничкиот премиер Талат Џафери на прес-конференција во одговор на новинарско прашање дали ќе постапи по иницијативата на ДКСК да се бара одговорност од првиот човек на Фондот за иновации поради утврдени нерегуларности со грантовите дадени на фирми на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети.
-Пресумпција на невиност е основно правило во правото и надлежните институции коишто треба да постапат ако имаат поинаква одлука соодветна нема причина да не постапи Владата. Така што Владата не може да ја преземе улогата на друга институција. Треба да правиме разлика по однос на надлежностите, кажа Џафери.
Во однос на критиките од Брисел поради тоа што не се постапува по претставките од Антикорупциска комисија, вели дека тоа не е надлежност на Владата.
-Брисел има критики по многу нешта, по односното прашање ви кажав не е надлежност на Владата. ДКСК е независно тело формирана од Собранието и е независна во својата работа и според законот има надлежност да поднесува извештаи до надлежните институции коишто имаат можност за постапување. Понатаму кој било коментар е сувишен и непотребен оти и може да се смета како мешање во работите помеѓу властите, оцени Џафери одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.