Одиме на Уставен бидејќи сметаме дека овој закон е неуставен бидејќи не обезбедува законитост, односно усогласеност со другите закони и од друга страна наметнува обврска да се прифатат луѓе од Министерството за политички систем за кои институциите и немаат потреба, рече во интервју за Телма претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска балансерот и вработувањето во администрацијата по етнички клуч.
Последната одлука на Владата, ни наметнува обврска да примиме тројца од тоа Министерство, од кои еден државен советник, кога тој успеал да изгради кариера за државен советник во Министерството за политички системи која ќе биде соодветна за Државната комисија дотолку повеќе што неговата стручна подготовка е Факултет за Исламска вероисповест, тоа е оџа. Што бара со таква стручна спрема, во нашата институција?, прашува претседателката на Антикорупциска.
Таа додава дека колку и да сакаат да ја менуваат систематизацијата на Комисијата, не може да предвидат работно место со таква стручна подготвеност.
Јас никогаш не ги делам луѓето по националност. За мене има луѓе кои си ги исполнуваат обврските и луѓе кои не ги исполнуваат, додава Ивановска додавајќи дека од претходно вработените четворица, еден си заминал, а тројцата се уште се дел од Комисијата и работат.
Според ДКСК во изминатите години станал евидентен порастот на бројот на вработени без реални потреби и без просторни услови во институциите, а практиката покажала дека кандидатите за да се вработат ја наведуваат етничката припадност што се бара во конкурсот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.