Предлогот 28-годишната презентерка, Бесмира Ејупи, да биде нов генерален конзул во Њујорк, САД е повлечен, објави Телма. На денешна затворена седница на владата предлогот Ејупи да ја претставува земјава како генерален конзул во САД е повлечен.
Пред два дена на затворена седница на Валада речиси без забелешки го прифатила предлогот на МНР Ејупи да биде генерален конзул во Њујорк – Њу Џерси – Тотова. Информацијата предизвика реакција во јавноста со оглед дека Законот за надворешни работи предвидува доколку ако кандидатот за генерален конзул не доаѓа од составот на професионалните дипломатски редови во МНР, треба да биде афирмирана личност во областа на надворешната политика и меѓународните односи.
МНР денеска реагираше на објавените информации околу назначувањето од страна на владата на Ејупи, наведувајќи дека биле објавени нецелосни информации поврзани со испраќањето на дипломати во Дипломатско – конзуларните претставништва. Во реакцијата директно не се споменува назначувањето на Ејупи, туку дека земјава во моментов има генерален конзул во Тотова, САД, Јордан Панев, кој е дипломат од кариера, и кој е избран согласно сите законски прописи. Во реакцијата се наведува дека моментов Панев е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.