Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прошири позитивната листа на бесплатни лекови, и ќе ја подобри достапноста на здравствените услуги за сите, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Со проектот на регионализација, што ќе значи добро кадровски и инфраструктурно опремени регионални болници ќе ги подобриме здравствените услуги низ целата држава. Како врвен приоритет е изградба на Клиничките центри во Скопје и Штип, од кои вториот ќе биде регионален центар за тој дел од државата. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе иницира јакнење на капацитетите на итната медицинска помош. Граѓаните на секаде ќе добијат квалитетни услуги, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Заврши времето кога пациентите беа понижувани, а здравствениот кадар омаловажуван. ВМРО-ДПМНЕ ќе се насочи на ефективен и ефикасен здравствен систем. Здравството кое СДС и ДУИ го уништија ќе го обновиме, додаваат од опозициската партија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.