Владата на СДС од инает, суета и за личен финансиски ќар не набави поефтин гас за граѓаните и стопанството, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Позицијата која ја понуди ВМРО-ДПМНЕ како помош за набавка на поефтин гас од берзанските цени, доставила до АД ЕСМ конкретен ЕФЕТ договор кој истите го потпишале, а потоа и Анекс 1 на договорот, во кој е прецизирана цената пресметана и во Нм3 и во мегават часови, тоа е процедура за набавка на гас според европска пракса.

По потпишување на Анекс 1 кој АД ЕСМ не го потпишала следувало издавање на банкарска гаранција од позицијата трговец со енергенси која ја дадовме како помош за набавка на гас, на целиот износ, но за тоа според нашите извори од трговецот со енергенси била побарана контрагаранција од АД ЕСМ на истиот износ, која што не биле во можност да ја издадат. Не знаеме дали Владата можела да ја издаде контрагаранцијата или не сакала да издаде, затоа што така ќе го затвореле договорот и целосно ќе ја заштителе државата.

Заради незнаењето, суетата и заради финансискиот ќар на власта 2 месеци по ред во земјава се увезува гас и двојно поскап од тој кој АД ЕСМ можела да го набави доколку ја искористела можноста до крај, велат од ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.