Владата на пензионерите нема да им го врати тоа што им го земаше 3 ипол години, реагира пратеникот Антонио Милошоски, зборувајќи за вчерашната одлука пензиите да се пресметуваат по швајцарскиот модел, за кој СДСМ вели дека е нов, а ВМРО-ДПМНЕ им потенцира дека е истиот модел кој го укинаа.
Од 2012 до 2018 пензиите имаа законски утврден раст според трошоците за живот(50%) и просечната плата(50%). (фото 1)
Во 2018 СДСМ/ДУИ го укинаа растот на пензиите според просечната плата и цели 3 ипол години им кратеа на пензионерите голема сума на пари од нивните пензии. (фото 2)
Сега пак ќе се враќа истиот модел на раст на пензиите од 2012 година, но за жал владата на пензионерите нема да им го врати тоа што им го земаше 3 ипол години. Многу ги осиромашија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.