ДУИ ги гледа институциите како алатка за тендери, кои редовно ги добиваат нивни блиски фирми, а парите неретко завршуваат и во самата партија. Ден 239 од 2023 година, Бујар Османи од ДУИ, преку МНР и дава тендер од 1,8 милиони евра на „Еуровиа“ донатор на ДУИ. Во јуни месец 2023 година, Ејуп Рустеми од ДУИ како директор на Јавното претпријатие за државни патишта и дава тендер на истата „Еуровиа“, донатор на ДУИ од 1.9 милиони евра, за чистење канавки и кресање банкини по автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека за ДУИ работи и СДСМ.

Спасовски на истата „Еуровиа“ и дал тендер од над 2 милиони евра за изградба на полициска станица во Аеродром. Спасовски го следи и Шукова, која преку министерството за животна средина на „Еуровиа“ и дала над 1 милион евра за регулација на одводен канал во Арачиново. За само една година, само во 2023 година од институциите со кои раководи ДУИ и СДС донаторот на ДУИ добил скоро 7 милиони евра тендери. Од „Еуровиа“ во ДУИ, од ДУИ преку институциите за „Еуровиа“. Смрди на криминал и корупција. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.