Владата мора да го напушти коалициското преговарање за професионалните позиции во јавниот сектор. При именувањето на професионалното раководно ниво во јавниот сектор, Владата има должност да обезбеди конкурентна процедура, низ јавен оглас, велат од Платформата на граѓански органзации кои упатија отворено писмо до Владата за борба против корупцијата.

Во врска со најавеното именување на раководители и заменици на повеќе јавни институции, установи и државни претпријатија, по новиот коалициски договор, Платформата на граѓански организации потсетува на програмската заложба на Владата на Република Македонија за професионализација на јавната администрација.

На патот кон Европската Унија, Владата има обврска пред граѓаните да ги избере најдобрите раководители, за да овозможи институции кои ќе им обезбедат квалитетни услуги. Граѓаните ги заслужуваат најквалификуваните кадри, се вели во отвореното писмо до Владата на Македонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.