Владата на Република Македонија, денеска, 5.4.2022 година (вторник) ќе ја одржи редовната 36-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
Според предложениот дневен ред, меѓудругото, на денешната седница ќе се разгледува Информација за усвојување на План – Протокол за прифаќање, згрижување и сместување, како и регулирање на статусот на лица кои од Украина ќе допатуваат во Република Македонија како последица на воените дејствија и лица кои се затекнале на територија на Република Македонија од 24 февруари 2022 година, а кои заради безбедносна состојба не се во можност да се вратат во Украина.
За разгледување, предложена е и Информација за Преглед на статусот на имплементација на Глобалниот Компакт за Миграција (ГКМ) во Република Македонија.
На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, пред министрите ќе се најде и Информација за мерење на квалитетот на работата на институциите согласно Методологијата за оценка на индекс на квалитет.
За заклучоците и одлуките од денешната Владина седница, која ќе започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.