На владина седница, на предлог на Министерството за одбрана, се донесени повеќе одлуки за испраќање на припадници на Армијата на меѓународни мисии, соопшти владината прес-служба.
Припадници на Армијата ќе бидат испратени во НАТО мисијата „NATO Mission Iraq – NMI“ во Ирак, во меѓународната операција на ЕУ „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово, во НАТО мисијата „Зајакнато истурено присуство“ (enhanced Forward Presence – eFP ) во Летонија, како и во меѓународната операција на ОН, „УНИФИЛ“ во Либан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.