Најавениот закон за амнестија уште еднаш ја потврди разиденоста на Владата и на коалициските партнери.

Министерот за внатрешни работи денеска изјави дека е против носење на закон за амнестија и оти сега едноставно не е време за тоа.

Мојот став е дека апсолутно не е соодветно ниту времето ниту моментот за носење на закон за аменстија. Второ, опфатот кој што е барем соопштен дека ќе опфати прилично мал број на лица исто така нема да помогне во многу. Но, сега тоа е работа на Собранието. Нема да имаме никакви ефекти во однос на носењето на законското решение. Нема да допринесе значително да ослободат места или да се намали притисокот на казнено-управните установи. Јас мислам дека треба државата стратешки да размислува во зголемувањето на капацитетите на затворските институции, изјави министерот Спасовски.

Според него, амнестираните многу често по излегувањето од затвор ги повторуваат делата.

 

-Ние секогаш укажуваме на тоа дека тие лица кои сториле кривични дела, пред се, разбојништва, тешки кражби итн, претставуваат уште еден терет за безбедносната состојба, или ако ги погледнеме минатите закони за амнестија ќе видите дека најголемиот дел од тие лица за два до три месеци повторно се враќаат назад заради тоа што имаат повторно кривични дела со кои ние секојдневно се справуваме, вели министерот за внатрешни работи.

 

Од друга страна, премиерот  Ковачевски најавува дека ако е потребно ќе достават амадмани доколку со законот се отвара можност на слобода да се најдат осудените од случајот „Монструм“.

Министерот Кренар Лога, кадар на Алијанса пак се прави дека „не е од овде“ и вели дека од затвор не излегувале академици туку затвореници.

Законот ќе влезе во Собрание без негов потпис туку со параф на неговата заменичка од СДСМ.

 

За кои дела 286 лица треба да добијат амнестија

 

Тешка телесна повреда, загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, против правно лишување од слобода, грабнување, мачење и другo сурово нечовечно или понижувачко постапување и казнување, малтретирање во вршење на служба, загрозување на сигурност, нарушување на непроверливост на домот, злоупотреба на лични податоци, повреда на работа од работен однос, повреда на угледот на Република Македонија, излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците, одземање на малолетник, запуштање и малтретирање на малолетно лице, пренесување заразна болест, неовластано производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и  останато, овозможување на употреба на наркотични дроги, тешки дела против здравјето на луѓето и така натаму, узурпација на недвижности, мачење животни, кражба, предизвикување тешка гражба, безсправно грдење, уцена, измама,лихварство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.