Мизерно изледаше прославата на Денот на независноста организирана од страна на Владата. Наместо како што доликува таа да биде одблежана на плоштадот „Македонија“ со многу народ тоа се случи во Ибни Пајко“ маало.
Неразбирливо е зошто владата се одлучи за оваа локација иако партиски извори говорат дека тоа е избрано бидејќи тоа е единственото нешто што го направиле за време на нивното владеење.
Атмосферата наместо славеничка беше траорна, со стотина луѓе пред бината кои беа незаинтересирани и си гледаа во своите мобилни телефони.
Нејасен беше и слоганот „Обединети во слободата“? На овој ден Македонија не се ослободила од никого туку прогласи независност од Југославија.
Се чини дека националните празници стануваат терет на власта наместо радост и можност да се биде со народот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.