Владата го разгледа и утврди и текстот на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за работни односи, по скратена постапка. Со него, ќе се овозможи 60-часовно работно време.
При примената на законските одредби коишто се однесуваат на прекувремена работа, како што е објаснето од Министерството за труд и социјална политика, укажана е потребата од донесување одредба со којашто ќе се овозможи прекувремена работа подолго од осум часа неделно и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работникот.
Поради природата на работите и задачите што се вршат во работите од национален интерес на Република Македонија, има потреба тие да може да се спроведуваат и во недела. Работниците се заштитени со Законот за работни односи и секој прекувремен час ќе им биде исплатен 35 проценти согласно Законот и Колективниот договор. Согласно со Законот, работниците имаат право на дневен и неделен одмор“, велат од Владата.
Претседателот Стево Пендаровски најави дека нема да го потпише указот за прогласување на законот, ако остане во варијанта која претходно ја укина Уставниот суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.