„Ваучери од 3.000 денари за 35.000 ранливи граѓани, финансиската поддршка на Владата е значајна. Единствен приоритет во моментов на Владата на СДСМ е да го заштити стандардот на граѓаните и да одржиме економска стабилност во време на најголема економска и енергетска криза“, вели СДСМ.

Тие додаваат:

„Финасиската поддршка на Владата, вклучна во рамки на 26 антикризни мерки вредни 400 милиони евра е многу значајна за граѓаните во време на најголема економска и енергетска криза.

Ги субвенционираме граѓаните за електрична енергија, преку низа мерки ги одржуваме цените на основните производи стабилни и ги намалуваме цените на енергенсите.

Во пакетот антикризни мерки има финансиска поддршка за ранливите граѓани. Предвидуваме субвенции односно ваучери за најранливите категории на граѓани за основни производи за исхрана.

Тоа се ваучери во вредност од 1.000 денари месечно, за период од три месеци, што значи 3.000 денари за околу 35.000 граѓани. Истите би се користеле за купување на основни производи.

За само 50 дена од мандатот, преку сите досегашни политики, мерки и одговорно владеење, Владата предводена од СДСМ покажа дека може и умее да се справи со предизвиците“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.