Владата ги демантира тврдењата на СДСМ дека е именувам в.д. заменик-директор на КПД Идризово. Во соопштението испратено до медиумите владините служби потврдуваат дека постоел предлог Ибрахим Ељези да биде именуван за в.д. заменик директор на Идризово, одделение во Велес, но откако биле направени дополнителни проверки, предлогот бил одбиен.

Лицето нема да стапи на функција, и ќе има ново именување на позицијата на следната владина седница. 

За Емил Јанески, кој е именуван за в.д. директор на прилепскиот затвор, СДСМ обвинуваат дека на функцијата стапува со кривична пријава за „несовесно работење“. Во 2020 година Јанески бил директор на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп и против него МВР има поднесено кривична пријава за „несовесно работење во службата“ и штета врз буџетот од препријатието во висина од 2.3 милиони денари.

Дури и ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција бараше Јавното обвинителство да реагира и да ги расчисти сомнежите за наводната милионската проневера од Јанески, стои во реакцијата на СДСМ.

Во однос на директорот на затворот во Прилеп од владата потсетуваат дека за секој поединец има пресумпција на невиност, постоењето на кривична пријава без правосилна пресуда не е гаранција за сторено кривично дело.

Апелираме СДСМ да не шпекулира и да ја дезинформира јавноста, стои во писмениот допис од Владата со кој се демантираат наводите изнесени на денешната прес конференција на СДСМ.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.