Владата преку Министерството за внатрешни работи го реши проблемот со застојот со издавање на пасоши и други лични документи. Ако пред извесен период за нив се чекаше по неколку месеци, денес тие се вадат во законскиот рок од 15 дена, велат од секторот за односи со јавноста во Владата.
Оттаму додаваат дека од минатата Влада наследениот проблем е решен за само 4 месеци.
Реорганизацијата која беше направена и кадровското доекипирање придонесе да се постигне заостанатата количина на пасоши и лични документи кои сега се издаваат во редовниот рок. Нема повеќе метежи и турканици пред шалтерите.
Досега се издадени 750.000 возачки дозволи со новото уставно име.
Апелираме граѓаните да го искористат претстојниот период за да навремено се испочитува обврската, се вели во соопштението на Влафината прес служба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.