Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за безбедносната ситуација во и околу Украина и го задолжи Министерството за надворешни работи во координација со надлежните институции да ги преземе сите потребни мерки за осигурување на безбедноста на членовите од Република Македонија при Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на редовниот брифинг со новинарите, вчера информираше дека 30 наши набљудувачи се ангажирани во рамки на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ, кои се со посебна позиција поради тоа што Македонија, заедно со Шведска и Полска е дел од тројката претседавачи со Организацијата.
Османи денеска телефонски разговарал со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид за актуелната ситуација во и околу Украина и важноста од почитување на меѓународното право и неповредливоста на границите.
Во објавата на фејсбук Османи шефот на дипломатијата наведува дека Северна Македoнија, како дел од триото претседавачи на ОБСЕ, е „подготвена да придонесе за деескалација на ситуацијата и за дипломатски напори за мирно изнаоѓање на решение“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.