Вкупно 113 болни и изнемоштени од Росоман и Демир Капија ќе гласаат утре, петмина од затвор. Сите тие ќе гласаат еден ден пред изборите за претседател на државата, што ќе се одржат во среда, согласно на законот.
Во единствениот избирачки список, се запишани 3.289 лица од општина Росоман со право на глас. Од нив, 51 болно и изнемоштени лице ќе гласа утре, како и двајца од затвор, појасни претседателот на општинската изборна комисија, Александар Чадамов, за МИА.
Во Демир Капија, како што соопшти претседателот на ОИК, Благој Јовановски, утре ќе гласаат 62 болни и немоќни лица, како и тројца од затвор. Овде има вкупно 3.216 гласачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.