Виновниците кои буквално притворија стотици илјади граѓани на територија од 26000км2 од денеска имаат конкретно име и презиме, а тоа се сите оние 54 пратеници од СДСМ и ДУИ кои во Собранието гласаа против продолжувањето на важноста на пасошите, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, објавувајќи го списокот на оние пратеници кои гласаа „против“ измените на Законот за патните исправи на македонските државјани, со кои ВМРО-ДПМНЕ предлагаше одложување на важноста на патните исправи односно патните исправи со натписот „Република Македонија“ да важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во патната исправа.
Тоа го направија молчешкум, без да дадат разумно образложение водејќи се исклучиво од нивниот партиски интерес, притоа оставајќи ги граѓаните во состојба на несигурност и безизлезност и кршејќи им го основното човеково право на слобода на движење. Но, цената за нивниот молк денеска, ќе ја платат на 8 мај, кога народот многу гласно ќе го каже своето, порача Тошковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.