Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески не треба да биде уставен судија, е личниот став на вицепремиерката Славица Грковска што го истакна во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма.

Не сметам дека треба да биде уставен судија. Затоа што, она што требаше да го направи како Републички јавен обвинител, не го постигна на таа позиција и не гледам причина зошто понатаму би имал можност да продолжи со кариерата како уставен судија, изјави Грковска.

Владата, вели таа, ги направила сите предуслови што се барале од неа, како зголемување на буџетот на обвинителствата, вклучително и вработувањата.

Меѓутоа, Владата не може да го организира јавниот конкурс и изборот на истражители. Тоа е, сепак, обврска на правосудните органи, вели Грковска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.