Претседателот на Собранието Талат Џафери во негово лично име и во име на пратениците упати честитка до припадниците на православната вероисповед по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

Ми претставува чест од името на Собранието на Македонија и од свое име да упатам искрени честитки по повод Успение на Пресвета Богородица и да Ви посакам над сѐ добро здравје, душевен мир, семејна среќа и топлина, меѓусебна почит, разбирање и хармонија, се вели во честитката од Џафери.

Годинава што полека ја одминуваме, се додава, за жал не донесе многу позитивни вести и настани.

Беше ставена и се уште е во искушение нашата солидарност кон немоќните, нашата човечност кон посиромашните и нашата почит кон различните. Во моменти кога беше загрозен и голиот човечки живот, ние ја одбравме и се уште цврсто стоиме на вистинската страна, затоа што сме свесни за неправдата и неисправноста на посегнувањето по туѓите територии и животи. Во следниве месеци не очекува тежок економски и енергетски предизвик, без да ги занемарам политичките предизвици кои константно се дел од нашиот политички живот и јас се надевам дека и ние како политички претставници и институции, ќе ги најдеме најсоодветните и најдобри решенија за сите Вас почитувани граѓани, се нагласува во честитката.

До Вас упатувам честитки и искрена желба, се посочува, да најдеме сите во себе внатрешна сила и истрајност, да се прилагодиме кон новите дискурси и да придонесеме во полесно надминување на идните предизвици.

Верата не учи да негуваме позитивни вредности, а празниците ги нагласуваат нив уште повеќе, така што, духот и пораката на хуманоста и разбирањето на овој празник нека надвладее над сите Вас што го празнуваат оквој голем празник. Ви посакувам убав празничен ден!, се истакнува во честитката од претседателот на Собранието Талат Џафери по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.