Бизнисменот Венко Глигоров на фејсбук страницата на македонскиот премиер Димитар Ковачевски коментира дека Македонија мора да го пречисти текстот од францускиот предлог и да се отфрлат точките кои се неприфатливи.

Со должен респект, но би требало да организирате веднаш да се отфрлат точките кои не се прифатливи. Праксата кажува дека ако се усогласи прво меѓу државите, преговарачките позиции ќе бидат на штета на Македонија. Тогаш сите ќе притискаат МК да се согласи, за да нема нов турнус на одлучување. Значи, прво да се пречисти текстот од страна на Македонија, или да се даде предлог што е неприфатливо по конкретните точки, па земјите тоа да разгледуваат – коментира Венко Глигоров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.