Во рамките на редовните средби со невладиниот сектор, денеска во Струмица, министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски оставри средби со граѓански организации кои застапуваат права на маргинализирани групи.
Креирањето на паметна социјална политика значи да се изгради партнерски однос помеѓу државата, локалната самоуправа и граѓанскиот сектор. Граѓанските организации се од исклучително значење за нас бидејќи тие најдобро ги познаваат потребите на ранливите групи, а особено децата кои живеат со здравствени и социјални проблеми, потенцираше министерот Велковски.
Преставниците на граѓанскиот сектор потенцираа дека системот на социјална заштита за лицата со пропреченост изминативе години е неправеден, а одредени групи се оставени на маргините.
Мораме да го подоброме функционирањето на системот за да не се соочуваме со парцијални решенија кои ќе носат времени решенија. Министерството мора да изработи регистар на лица со попреченост, заклучија преставниците на граѓанскиот сектор.
Системот на социјална заштита треба да се развива, во насока на градење на сеопфатни социјални услуги на локално ниво, и тоа како во урбаните, така и во руралните средини. Но, за ова потребни ни се силни провајдери на локално ниво. Набрзо после изборите мора да се започне и со темелни реформи кои ќе бидат олеснување на лицата со попреченост, потенцираше Велковски.
Меѓу граѓанските организации со кој министерот оствари средба се: Здружението на лица со телесна попреченост Размислувај Различно Струмица, хуманитарното Здружение на граѓани за деца со аутизам, Здружение на глуви и наглуви, Здружение на слепи лица, Здружение на лица со хендикеп Мобилност и Здружение на лица со Даунов синдром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.