Собранието е гласачка машинерија на власта. Имено, не се донесуваат закони кои што се од интерес на граѓаните и на посебните групи туку се изнаоѓаат модуси и решенија како да се дојде до законски решенија кои што ќе обезбедат некаков бенефит за власта или за мала група на луѓе, истакна Александар Велјановски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24.
Велјановски потсети на неостварените ветувања на власта уште од пред пет години кои што ги даваа на граѓаните. Власта ветуваше сигурни чекори за заштита на правата, дека ќе се отвори специјално одделение во обвинителството кое што ќе го следи процесот и постапките кои што се водат врска со физички напади итн. Но ден денес граѓаните гледаат дека од тие ветувања нема ништо.
Сметам дека се уште имаме системски проблем на нефункционалност, на министерството за внатрешни работи, на обвинителството и на судовите. Ги слушав изјавите на новинарите и сметам дека токму и во таа насока ги таргетираат проблемите кои што ги имаат односно во непостапувањето на министерството за внатрешни работи, во непостапувањето на обвинителството и во одолговлекување на постапките на судовите, нагласи пратеникот.
Тој посочи дека граѓаните имаа еден ефикасен систем, ќе се намалеа и нападите врз медиумските работници.
Сметам дека за жал тука системот затајува и не е на висината на задачата. Очигледно е дека има потреба од подобрување за законот, рече Велјановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.