Подготвени сме да дадеме поддршка при финансирање на проектот за изградба на нов Универзитетски клинички центар, изјавил министерот за извоз, оддел за бизнис и трговија Лорд Малколм Офорд од Гарвел на Обединетото Кралство за време на средбата со македонскиот министер за здравство Фатмир Меџити.
На средбата, министерот Меџити ја поздрави континуираната поддршка што Македонија ја добива од Обединетото Кралство, која е втор најголем економски партнер на нашата земја.
Меџити и Лорд Малком Офорд разговараа за имплементација и промоција на извозната стратегија во здравствениот сектор и испорака на надворешни директни инвестиции како дел од надлежностите на министерот за извоз при Обединетото Кралство.
Британскиот министер изрази поддршка и подготвеност за воспоставување на соработка во сите области кои се во интерес на граѓаните на двете земји, соопшти Министерството за здравство на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.