Поранешниот претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, порачува дека не постојат никакви финансиски, економски и/или безбедносно-политички причини да имаме одвоени претседателски и парламентарни избори, освен заради партиските калкулации на власта.
Тој потсети на минатите изборни циклуси во Македонија и заклучи дека дури во три наврати (односно во 1994, 2009 и 2014 година) се одржале два изборни процеси истовремено.
Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:
ИЗБОРИ ВО МАКЕДОНИЈА
1990 год.- парламентарни избори на 11 ноември
1994 год.- парламентарни избори и претседателски избори на 16 октомври
1996 год.- локални избори на 17 ноември
1998 год.- парламентарни избори на 18 октомври
1999 год.- претседателски избори на 14 ноември
2000 год.- локални избори на 10 септември
2002 год.- парламентарни избори на 15 септември
2004 год.- предвремени претседателски избори на 14 април
2005 год.- локални избори на 13 март
2006 год.- парламентарни избори на 5 јули
2008 год.- предвремени парламентарни избори на 1 јуни
2009 год.- претседателски избори и локални избори на 22март
2011 год.- предвремени парламентарни избори на 5 јуни
2013 год.- локални избори на 22 март
2014 год.- претседателски избори и предвремени парламентарни избори на 13 април
2016 год.- предвремени парламентарни избори на 11 декември
2017 год.- локални избори на 15 октомври
2019 год.- претседателски избори на 21 април
2020 год.- предвремени парламентарни избори на 15 јули
2021 год.- локални избори на 17 октомври
Од прегледот на изборните процеси во Република Македонија во изминативе 33 години може да се забележи дека дури во три наврати (односно во 1994, 2009 и 2014 година) се одржале два изборни процеси истовремено.
Отаму, кога станува збор за следните парламентарни и претседателски избори, апсолутно јасно е дека не постојат никакви финансиски, економски и/или безбедносно-политички причини да имаме оддвоени претседателски и парламентарни избори, освен заради партиските калкулации на власта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.