Потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи изјави дека би прифатил да биде премиер 100 дена пред избори доколку тоа биде побарано од него. За можноста да се кандидира за претседател на државата, пак, вели дека „ако се зборува за консензуален кандидат независно на етничкото потекло и тој е најдобриот за тоа, радо би прифатил“.

Јас знам дека има договор помеѓу СДСМ и ДУИ за последните 100 дена да биде Албанец премиер. Јас не се преоптоварувам со тоа решение. Јас сум навикнат и научен во мојот живот да работам до последниот момент. Ако приликите дојдат да се бара од мене да служам на народот во функцијата премиер велам – да – истакна Битиќи во Само интервју на Канал 5 телевизија.

На прашањето дали би прифатил да биде консензуален кандидат за претседател на државата, Битиќи со став дека ако се зборува за консензуален кандидат независно на етничкото потекло и тој е најдобриот за тоа, радо би прифатил, но, како што потенцираше, ако консензуалниот кандидат е само за да биде Албанец, нема да прифати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.