Само 4 отсто од граѓаните целосно му веруваат нa правосудството, според најновата анкета на ИРИ, објавена денеска.

Претходни анкети покажуваа дека околу 8 отсто од граѓаните во Македонија веруваат во правосудството.

За една година довербата е намалена за дури 50 отсто.

Анкетата е спроведена во име на Центарот за анкетни истражувања од Брима, фирма за истражување на пазарот (членка на Тејлор Нелсон Софрес и Галуп Интернешнл). Податоците се собрани од 23 септември до 13 октомври, 2022, со повеќестепен стратификуван примерок преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците. Анкетиран е национално репрезентативен примерок од 1.207 испитаници на возраст од 18 години и повеќе. Податоците се пондерирани според возраст, пол, регион, населеното место (урбано/рурално) и етничката припадност. Маргината на грешка е ± 2,8 поени на ниво на доверба од 95%. Стапката на одговор е 69%.

Анкетата е направена со поддршка на Националниот фонд за демократија (НЕД).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.