Во предвечерието на великиот празник Рождество на Пресвета Богородица, попладнево се служи Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во центарот на Скопје.

На богослужба присуствува и поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан.

Вечерната молитва ќе биде проследена со литија околу централното градско подрачје.

Македонската православна црква – Охридска Архиепископија ги поканува сите верници и граѓани да земат молитвено учество на Вечерната богослужба и на Литијата.

Утре (21 септември) православните верници го одбележуваат Рождеството на Пресвета Богородица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.