Искрена благодарност за 40 вработени од отсеците за управни работи Куманово, Велес, Штип и Тетово кои вчера и денес, како и во наредните викенди ќе дадат максимална поддршка во процесот на одобрување на барања за издавање лични документи. Секако, благодарност и на останатите колеги од ОУР Скопје кои неуморно и деноноќно работат на тој план.
Во текот на вчерашниот ден, со здружени сили, одобрени се околу 9.000 барања за издавање на лична карта на жителите на Скопје, а проценките се дека заклучно со денес ќе бидат одобрени околу 20.000, објави на Фејсбук, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.